Молитви и поворки се одржуваат низ цела Црна Гора, во знак на протест против усвоениот контроверзен Закон за слобода на религијата.
Според некои проценки, вечерва се очекуваат близу 250.000 луѓе.
Марко Ковачевиќ, портпарол на Демократскиот фронт, во изјава за Б92 пред најмасовниот собир во Црна Гора, кажа:
„Режимот постојано се стреми да поттикне инциденти, пa го засилува притисокот со апсења на невини граѓани пред поворката. Сепак, народот ја виде намерата на Мило Ѓукановиќ и буквално не поминува никаква негова провокација. Секој ден Ѓукановиќ е се поосамен, а поворките се се побројни. Ова ќе биде истовремено, една од најубавите и најболните промени на власт во историјата“, изјави Ковачевиќ.