Се породи Мила Јововиќ: Актерката на свет го донесе третото дете

329 прегледи

Актерката и манекенка Мила Јововиќ го роди своето трето дете во 45. година. Третото девојче на свет пристигнало синоќа.

Само еден ден предодно, на Инстаграм, актерката напишала дека е многу нервозна.

„Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да в признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе биде со нашата ќеркичка. Посакајте ми среќа“, напишала актерката.

Мила е во брак со режисерот Пол Андерсон (54), а веќе имаат две ќерки, Евер и Дашил. Ѕвездата од филмовите „Петиот елемент„ и „Притаено зло“ пред две години имала спонтан абортус во поодминатата бременост.

„Она што го доживеав, не би го посакала на никого. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна за време на целата постапка. Тоа беше едно од најстрашните искуства кои сум ги доживеала некогаш“, рекла тогаш Мила.

Слични содржини