Со мнозинство гласови, косовскиот парламент гласаше за заедничката влада на Самоопределување и Демократска алијанса на Косово, предводена од Албин Курти.
За Владата на Курти гласаа 66 пратеници, а 10 беа воздржани, пренесе „Газета експрес“.
Владата на Курти ќе има 15 министерства, двајца потпретседатели и 33 заменици министри.
Пред гласањето, седницата ја напуштија членовите на Демократската партија на Косово, кои доминираа во нападите врз Курти и новата Влада.
По изборот, новите министри положија заклетва заедно со новиот премиер.
Првиот вицепремиер е Авдулах Хоти од ДСК, а вториот вицепремиер е Хаки Абази од ПС.
Далибор Јевтиќ беше избран за министер за заедници и враќање од редовите на Српската листа, а Иван Милојевиќ беше министер за регионален развој, додека Емилија Реџепи беше избрана за министер за локална самоуправа од бошњачката заедница.
Курти додаде дека е подготвен за дијалог со Белград, но, рече тој, со поширок политички консензус.