Експертите предупредуваат дека некои бегалци во Европа би можеле да го искористат Брегзит и да избегаат од правдата.
Поточно, Австрија, Германија и Словенија одлучија дека од почетокот на 11-месечниот транзитен период на Велика Британија од ЕУ, нема да ги екстрадираат сите граѓани на британските власти.
Уставот на овие три земји забранува екстрадиција на државјани во земји кои не се членки на ЕУ, а Велика Британија веќе не е законски дел од Унијата.
Според експертите, се зголемуваат шансите лицата со германски, австриски или словенечки државјани да извршат кривично дело на територијата на веќе поранешната држава членка на ЕУ, при што би можеле да избегаат од судските власти на Велика Британија со евентуално бегство во својата матична земја.
Во моментов на сила важи Европскиот налог за апсење, кој побарува од земјите на ЕУ, во момент кога иститот ќе се подигне, да го екстрадираат граѓанинот на друга членка која трага по таа личност. Иако портпаролот на таа установа истакна дека налогот важи и за време на периодот за транзиција на Велика Британија, овие три држави ја информираа Европската комисија дека овој договор би бил противуставен.
Велика Британија ја напушти Европската Унија на 31 јануари, а притоа дел од Британците „славеа“, а дел „жалеа“. И додека поддржувачите на ЕУ организираа поворка со која се збогуваа од ЕУ, поддржувачите на Брегзит на плоштадот пред парламентот во Лондон се собраа за да прослават.