263
Најмалку 14 деца загинаа на скалите во училиштето, во гужва кога учениците по наставата почнале да трчаат низ скалите, извести весникот „Дејли Нејшн“, повикувајќи се на извори од полицијата.
Уште четириесетина деца се тешко повредени во инцидентот кој се случил во основно училиште во Какамега во Кенија.
-Кога децата тргнале накај дома од школо, почнало стампедо низ скалите, изјави Питер Абвао, застапникот на кенијскиот Црвен крст и додаде дека зградата на училиштето има три спрата.
Дејли Нејшн извести дека во гужвата некои деца паднале од трети спрат. Весникот објави фотографии од загрижени родители кои чекаат пред болница за да добијат информации за своите деца.