Во 2002 година, русинките Лена и Јулија направија вистински хаос на светската естрада со спотот за песната „All The Things She Said“, во кој страствено се бакнуваат на дожд, додека зад оградата ги гледаат многу луѓе и ги осудуваат.
Тие уште во тоа време во јавноста ги прикажаа хомофобните ставови во нивната родна држава, а за волја на вистината, ниту денес ситуацијата не е нешто подобра. Но, ТАТУ веќе не се истите. Денеска Лена има 35 години, а Јулија 34 и се многу променети од она што го паметиме.
Понекогаш имаат и заеднички настапи, но Јулија генерално не се занимава со пеење, а успешно закрепнува од лечењето на ракот на штитната жлезда, кој ѝ ги оштетил гласните жици. Таа има две деца, син и ќерка. Лена студирала психологија, а исто така е во брак и има еден син.
Всушност, сите оние кои уште во тоа време мислеа дека ТАТУ глумат лезбејки само за на сцена, излезе дека беа во право и дека сето тоа било смислено од нивните менаџери. Сепак, тоа не ја намалува нивната популарност, бидејќи публиката и понатаму ги обожава, а доказ за тоа е дека и по цели 18 години, нивните песни постојано имаат нови преслушувања на сите музички платформи.