Силно невреме ја погоди Хрватска: Ветер корнеше дрвја и кршеше гранки (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
291 прегледи

Загреб денес го погоди силно невреме проследено со дожд и силен ветер.

Силниот ветер кршел гранки, а засега не се знае дали е причинета поголема материјална штета.

Невремето ги изненадило загрепчани затоа што во утринските часови ништо не навестувало дека ќе има олуја.

Вараждинскиот портал објавил дека силен ветер искорнал големо стебло кај економското и трговското училиште во Чаковец, додавајќи дека никој не е повреден. Невреме има и во Ријека. Се очекува да удри ветер со силина од 60 до 100 километри на час, што е реткост за копнениот дел на Хрватска.