244
Македонската кошаркарска федерација ги пушти влезниците за мечот со Естонија во продажба, а сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Една влезница ќе чини скромни 100 денари, а составот на Александар Тодоров првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот ќе го одигра на домашен терен, каде противник ќе биде естонската репрезентација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Мечот се игра на 20 февруари со почеток од 20:15 часот.