Драган Бајиќ – нов селектор на С. Македонија?

од Nikola Popovski

Од Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) соопштија дека дека нашата најдобра селекција ќе добие нов селектор кој ќе биде соопштен во понеделник.

„„Кошаркарската федерација ве повикува на прес-конференција која ќе се реализира на 19. април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје. На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација“, стои во соопштението на Федерацијата.

Според пишувањата во дел од медиумите, најверојатно нов предводник на нашите најдобри кошаркари, ќе биде актуелниот тренер на АБА-лигашот Игокеа, Драган Бајиќ.

Станува збор за исклучително искусен стратег, кој речиси цела кариера ја мина на клупата на тимот од Република Српска, со исклучок на една сезона кога работеше во бугарскиот прволигаш Черно Море. Тој ќе пристигне на клупата на македонската репрезентација на местото на Александар Тодоров, кој си заминува од кормилото откако не успеа да обезбеди пласман на Евробаскет.

Слични содржини