Вучиќ испрати јасна порака до западот: Подобро да бидам најлош на светот отколку да направам нешто против мојата Србија

од Симе Стоиков

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска од Њујорк изјави дека Американците се свесни дека Дејтонскиот договор се уништува со резолуцијата за Сребреница, а Западот ја смета Србија за дестабилизирачки фактор во регионот.

Вучиќ рече дека дел од меѓународната заедница ја прогласува Србија за фактор на дестабилизација секогаш кога одбива да прифати нечија уцена и дека единствен начин Србија да биде добра е да се откаже од себе, од Косово и Метохија и од Република Српска.

„Секогаш кога има нешто во нашиот регион и нема да прифатите нечија уцена, вие сте фактор на дестабилизација. Секогаш кога сте подготвени да ги заштитите интересите на вашиот народ, вие сте проблем. Јас станав нивниот најголем проблем на светот само затоа што не дозволуваm да се газат Србија и Србите“, рече Вучиќ. Тој посочи и дека резолуцијата за Сребреница, за која не се согласуваат сите три народи во Босна и Херцеговина, на најлош начин го прекршува Дејтонскиот договор, а тоа го знаат и Американците.

„И знаат дека тоа е брутално кршење на Дејтонскиот договор и затоа ги оставија Германците да ја турнат резолуцијата. За такви одлуки треба да имате согласност од трите народи и од сите тројца членови на Претседателството, и тоа не е така“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече: „Ако се откажевме од фактот дека сме Срби, од нашето име и презиме, од Косово и Метохија, oд Република Српска и нашата Србија, нашата независност и суверенитет, ќе добиевме досега три Нобелови награди“.

„За мене е многу подобро да бидам најлош на светот отколку да направам нешто против мојата Србија“, заклучи претседателот Вучиќ.

Слични содржини