Силниот ветер, кој попладнево ја зафати Унгарија, предизвика голема материјална штета, кршејќи дрвја од корен и оштетувајќи електрични далеководи, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи (ОКФ).
Противпожарните оддели низ целата земја добиле повеќе од 100 повици од граѓани кои се жалат на штетата предизвикана од невремето, но никој не е повреден, пренесува МТИ.
Семафорите биле уништени на неколку места, а најлоша е ситуацијата на северот на земјата и во Будимпешта.
https://www.facebook.com/teve.cell/videos/170961667499031/
Било издадено предупредување од втор степен во унгарската престолнина, поради дување на силен ветер.