Курти: Таксите ќе ги замениме со реципроцитет

од Nikola Popovski
144 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека не ги става БиХ и Србија во иста реченица кога станува збор за 100 проценти такси. Тој најави дека постојните такси од 100 проценти на стоки од централна Србија ќе ги замени со „реципроцитет“.

„Како нова влада, ќе имаме политички и економски реципроцитет со Србија како замена за таксите“, рече Албин Курти на конференцијата за медиуми по средбата со Наталија Апостолова, шеф на ЕУ за Косово.

„Ќе напредуваме со трансформирање на нашата субјективност и интегритет и прашањето за достоинството со принципот, кој е познат по вредностите, а тоа е реципроцитетот“, истакнува Курти.

Новиот премиер е убеден дека во Косово, меѓу Албанците, е прифатлив реципроцитетот, дури и за оние кои се во опозиција, кои не гласаа за неговата партија.

Апостолова изјави дека во ЕУ дека таксите ја нарушуваат регионалната соработка и другите договори и аранжмани,од кои Косово е дел.

„Чекаме на новоформираната влада да сепојави идеја за тоа што ќе сторат и како да го решиме прашањето“.

„Ние сакаме да се повлечат таксите за да се продолжи дијалогот со Белград и Приштина. Ова е најважната работа за нас“, рече Апостолова.