Камчев до Боки13: Лиле не мирува и Зоки читам глупости зборел

од Ивана Рамаданова
529 прегледи

„Покани? Нели завршија?“. Вака гласи едната од многуте пораки кои Орце Камчев му ги испратил на Бојан Јовановски – Боки 13, а се однесуваат за влијание врз истрагата „Империја“ од обвинетата Катица Јанева.

Обвинителката Ивана Трајчева во продолжение на доказната постапка за „Рекет“ во продолжение ја презентираше фотографијата која Камчев му ја испратил на Јовановски, а на која се гледа покана со број на предметот за „Империја“.

Меѓу доказниот материјал се наоѓа и линкот кој Орце Камчев му го испратил на Боки, а се однесува на текст од портал со наслов „Орце Камчев е на слобода од денеска, за неговиот и пасошот на Панделески и Јосифович ќе одлучува Кривичниот суд“.

Потоа, му праќа скриншотови од начелното правно мислење од Врховниот суд кој ги замрзна истрагите на СЈО, отворени по 30 јуни 2017 година, меѓу кои, според Камчев, е и „Империја“.

– „Лиле не мирува и Зоки читам глупости зборел“, му шишува Камчев на Јовановски.

Последната порака му пишува: „Мерките на претпазливост ги одредува судија на претходна постапка…“ и во продолжение му ги праќа сите законски одредби во врска со неговата ситуација.

Следуваат пораките во кои Камчев и Боки договараат средба за да се видат. Во ватсап порака, Камчев му праќа порака на Боки за дуќаните што ги дал под гаранција и му кажува дека ги заложил дуќанот „Сваровски“ кај „Рекорд“ и тој на „ДМ“ во ГТЦ.

–  „Гаранцијата е над 2 милиона евра. Ај провери кога ќе го пуштат мислењето“, му пишал Камчев на Боки.

Потоа му ја прецизира висината на гаранцијата: Милион и 800 илјади евра „Сваровски“ дуќанот, 2,5 милиони евра „ДМ“ и 3,5 милиони евра за трет објект што го заложил.

Сите овие пораки се дел од доказниот материјал од вештачењето во МВР на мобилниот на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

И.Р.

Слични содржини