Попарениот гриз-колач има вкус кој ќе ве потсети на вашето детство и на распустите поминати кај вашата баба.
Ова е рецепт како да го направите самите:
Состојки:
2 јајца
2 лажици шеќер
3 лажици гриз
Една лажица брашно
Една коцка стопен путер
Пола прашок за пециво
Кора од еден лимон (изрендана)
За шербет:
200 гр шеќер
100 мл вода
Еден ванилин шеќер
Сок од пола лимон
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додавајте ги брашното и гризот, измешани со прашокот за пециво. При крајот на матењето додадете го путерот и кората од лимон. Измешајте за добро да се спојат.
Печете во подмачкан калап на 200 степени околу 15 минути. Шербетот направете го така што сите состојки ќе ги варите околу пет минути по зовривањето. Изладениот колач исечете го на парчиња и прелијте со млак шербет.
Ако сакате да експериментирате со вкусови, можете да додадете и суво грозје и/или кокос во смесата за тесто. Врз колачот можете да посипете измелени ореви.