Заборавете на The Notebook: Еве зошто романтичните филмови не се здрави за вашата врска

443 прегледи

Сцената во која Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамк во филмот The Notebook се бакнуваат на дождот е легендарна. Таа највројатно е она што повеќето парови замислуваат дека врската треба да изгледа. Меѓутоа експертите за врски велат дека љубовната приказна меѓу Али и Ноа, всушност не е добар пример како треба да изгледа еден пар. Еве и зошто:

Прикажуваат нереална слика

Ескпертите ја гледаат нивната врска како нереална. Ноа и пишува писма секој ден и ја гради куќата од нејзините соништа, и прави се што е во негова моќ, а всушност, тие едвај се познаваат. Тоа се превисоки очекувања за тоа како би требало да изгледа идеален партнер.

Потоа, откако не се виделе со години, тие повторно се сретнуваат и го поминуваат остатокот од животот заедно. Но, се што всушност фледаме е нивната занесеност и страст, а тоа едноставно не е доволно за да се одржи една врска долго време.

„Совршениот“ маж, всушност, не е совршен

Некои сметаат дека Ноа е неверојатно романтичен, додека други сметаат дека неговото однесување и неговите постапки покажуваат непочит кон Али. Тој не прифаќа „не“ како одговор, па дури и ѝ се заканува дека ќе се убие доколку не отиде на состанок со него. Исто така, тоа што ја наговори да легне со него на среде улица е многу опасно, но е прикажано како нешто многу забавно и авантуристичко.

Нивната романтична врска е токсична

Во филмот е прикажано дека Ноа и Али константно се караат и не се согласуваат околу ништо. За време на тие караници, тие се дерат и фрлаат предмети еден врз друг. Ова е показател на насилна и токсична врска, но тие се обиделе да го нормализираат тоа, велејќи дека двајцата е луди еден за друг.

Слични филмови кои експертите ги сметаат за лоши

Експертите за врски, филмовите „Dirty Dancing“, „Nothing Hill“, „Grease“, „The Lobster“ ги ставиле на листата романтични филмови кои не би требало да ги гледате. На пример, тие велат дека Dirty Dancing прикажува врска во која жената би требало да е зависна од мажот и да чека тој да ја спаси, наместо самата да се соочи со проблемите.

Брилијантин исто така покажува жена која мора да се смени по желба на мажот, со цел да му се допадне. Експертите сметаат дека ниту ова не може да биде пример за вистинска љубов и велат дека, доколку љубовта се темели само на изгледот, нема да потрае.

Што предлагаат

Меѓу филмовите кои им се допаѓаат на експертите се : „Annie Hall“, „La La Land“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, па дури и „Војна на Ѕвездите: Епизода 3. Тие велат дека во овие филмови љубовта е прикажана многу пореалистично и помалку е глорифицирана. Прикажани се потешкотиите со кои се соочува една врска, вклучувајќи ги и напорите кои ги правиме со партнерот за таа да успее и каква би требало да биде комуникацијата со партнерот.

Слични содржини