Амбасадата на САД во Црна Гора ги повика сите страни да се вклучат во конструктивен дијалог за Законот за слобода на религија, да покажат воздржаност и да избегнуваат ескалација на насилство или акти на насилство.
„САД силно ги поддржуваат основните слободи како што се слободата на говорот, здружувањето, собирањето и правото на поединците мирно да уживаат во слободата на религијата и верувањето“, се вели во соопштението на американската амбасада.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ синоќа изјави дека ќе прифати дијалог со црквата за Законот за слобода на вероисповед. Неговата изјава уследи откако митрополитот црногорско приморски Амфилохие наведе дека се подготвени да разговараат со премиерот за отстранување на Законот или сите дискриминаторски одредби во него.