497
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи. Апелираме на високо ниво на одговорност во јавните комуникации, се вели во реакцијата на СДСМ на статусот на Бранко Тричковски.
Тричковски на Фејсбук напиша статус кој се однесуваше на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“.
Антисемитскиот статус на Тричковски го осуди и Македонската асоцијација на новинари, како и многу луѓе на социјалните мрежи.