Меган Маркл и принцот Хари бараат нов дом во Лос Анџелес, бидејќи планираат да поминат повеќе време во Калифорнија. Војводата и војвотката од Сасекс од отстапувањето живеат во Ванкувер, во вила вредна 10 милиони фунти.
„Тие ја сакаат Канада, но разгледуваат и куќи во Лос Анџелес. Најверојатно ќе имаат куќи во двете места“, тврди близок пријател на младиот пар.
Меган има многу пријатели и роднини во својот роден град Лос Анџелес и затоа парот сака да го помине своето време меѓу Канада и Калифорнија. Познатиот брачен пар верува дека Лос Анџелес е совршен за нивниот опуштен животен стил и дека ќе поминуваат повеќе време во природа, планинарење и прошетка. Уживајќи во тивкиот и мирен живот, вежбајќи јога, Меган готви и често оди на долги прошетки. Најмногу сака да седи дома со Арчи и кучињата, пренесува Mirror.
Хари и Меган моментално изнајмуваат луксузна вила во западниот дел на Ванкувер. За да ја осигураат својата сигурност, поставиле камери околу вилата и на плажата. Вилата е опкружена со голема бела церада, со цел фотографите да не можат да ги фотографираат.
Нивните адвокати минатиот месец издале јавно и правно предупредување на медиумите, кога Меган била фотографиран како шета со Арчи и кучињата. Во меѓувреме, канадските таблоиди пишуваа како Меган контактирала со капетан на бродско такси, откако тој одбил да пренесе јапонски фотографи за да ја фотографираат вилата. Капетанот, ја опишал војвотката како реална, слатка и искрена личност.