Јирген Клоп ја освои наградата за менаџер во јануари и со тоа се запиша во историјата на Премиер лигата како тренер со најмногу вакви награди во една сезона.
За Германецот, ова е петта награда од почетокот на сезоната, со што го подобрува рекордот на Пеп Гвардиола од четири награди, кои Шпанецот ги освои во 2017/18 година. Од почетокот на сезоната, Клоп не ја освои наградата само во октомври, кога Френк Лампард беше победник. До крајот на кампањата, Германецот може дополнително да го зголеми своето достигнување.
Во јануари, Ливерпул оствари пет успеси, вклучувајќи ги и победите над Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Зад Клоп завршија Гвардиола, Ралф Хазенхутел и Најџел Пирсон.
Наградата за најдобар играч ја доби напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, кој постигна шест гола и асистенција на три натпревари во Лигата. Аргентинецот ја добива наградата за рекорден седми пат во кариерата.