Меган Маркл и принцот Хари вечерале со Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез во четвртокот навечер во Мјами, јавува New York Post.
Вечерта се одвивала неколку часа откако Меган и Хари ги поздравиле богаташите на „самитот на милијардери“ организиран од JPMorgan во тој град.
Како што пишува тој медиум, 38-годишната Меган и 35-годишниот Хари веднаш се поврзале со 50-годишната Џенифер и 44-годишниот Алекс за време на вечерата во Habitat, елитен ресторан сместен во хотел во Саут Бич.
„Хари и Меган добро се сложија со Џенифер и Алекс. Оние кои седеле близу нив слушнале како Џеј Ло ги повикува Меган, Хари и нивниот син Арчи во нивната куќа во Мајами, да се дружат со нивните деца“ рекол извор.
Засега не е познато дали Хари и Меган ја профатиле поканата. Се шушка дека тие отишле во Холивуд на доделување на Оскарите. The Post пишува дека не е исклучена можноста да се појават на сцената и да најават некоја од наградите.