Владината седница утре ќе се одржи во Охрид

од Aleksandar Todeski
152 прегледи

Владата на Република Северна Македонија својата редовна седма седница ќе ја одржи утре во Охрид. Централна точка на дневниот ред на седницата, која е петта од серијата што се одржуваат во 10 региони во земјата, е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца, соопшти владината прес-служба.

Градоначалниците на овие општини ќе презентираат информации од интерес на граѓаните и ќе информираат за одредени прашања и проекти од плановите за работа на локалните заедници. Согласно тоа, на седницата ќе се дадат насоки за политики и одлуки за проекти кои можат да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт.
На седницата во Охрид ќе биде разгледаната и информацијата за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, како и информацијата за извршен инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за преземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.
На оваа седница, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ пред министрите ќе ја презентира Програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.
Во рамките на теренските активности што ќе ѝ претходат на седницата, претседателот на Владата на  Оливер Спасовски ќе направи увид со реконструкцијата и санацијата на колекторскиот систем и ќе ги посети фабриките ЛТХ Леарница Охрид и Братство Инокс.
Средби и други теренски активности во текот на денот во регионот ќе имаат и вицепремиерката задолжена за економските ресори Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министрите без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска и Елвир Хасан, како и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.

Слични содржини