Пауза од десет минути на Комисијата за надворешни работи откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски побара да се интервенира во Членот 4 од Законот за Северноатлантскиот договор, односно за договорот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Милошоски кажа дека барањето е во координација со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а пратеничката Ивана Туфегџиќ и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, побараа десетминутна пауза.
Претседателот на Комисијата истакна дека целта за интервенција во Членот 4 е да се предвиди одложеното ратификување на Протоколот за НАТО, односно во делот каде што пишува дека Законот стапува во сила со објавување во Службениот весник на Република Северна Македонија, да се додаде делот каде што ќе пишува „а откако Кралството Шпанија ќе го ратификува Протоколот за НАТО“.
А.Т.