Голем број медиуми во регионот денес објавија дека Ратко Младиќ, воениот командант на Армијата на Република Српска, починал во својата ќелија на Хашкиот трибунал во Шевенинген. Сепак, оваа информација не е вистина.
Веста дојде од лажен профил на Твитер од Бисерка Турковиќ, министерка во владата на БиХ, а наскоро беше пренесена од голем број несигурни локални медиуми.
Сепак, портпаролката на Хашкиот трибунал Хелена Егелстон ги негираше информациите. Истото го потврди за „Блиц“ и Ненад Голчевски, службеник на Трибуналот, задолжен за комуникации со медиуми.
Многу од медиумите ги објавија информациите кои се однесуваат на споменатиот профил на Твитер. Едноставен поглед на профилот на Твитер покажа дека станува збор за лажен: т е отворен е денес, има само 200 следбеници и неколку твитови.
Неверодостојни медиуми ги објавија информациите без понатамошна верификација. Само неколку минути подоцна, пристигнаа првите деманти – синот Дарко ги негираше информациите и рече дека со татко му се слушнал пред 45 минути. Министерката Турковиќ, исто така, ги негираше информациите.
– Јас немам Твитер. Ништо не е апсолутно точно. Тоа е лажен Твитер профил – рече Турковиќ.
Наскоро, на контроверзниот профил на Твитер се појави и информација дека профилот го создал италијанскиот новинар Томазо Де Бенедети. Тој инаку е познат по создавање лажни вести. Сепак, до овој момент, нема потврда ниту дека информациите за идентитетот на „креаторот“ на лажниот профил се вистинити или дека се работи за друга „лажна вест“.