Принцот Вилијам планира романтична вечера за да ја изненади својата сопруга Кејт Мидлтон на Денот на вљубените, пишуваат британските медиуми. Војводата од Кембриџ, за кој кружат гласини дека е романтичен, планира да помине квалитетно време со својата сопруга на тој посебен ден оваа недела. Се шушка дека би можеле да поминат романтична вечера во својот омилен италијански ресторан во Лондон.
„Вилијам и Кејт често одат во тој ресторан, тоа им е омилено место на кое имаат одредена доза приватност. Ним им е многу тешко да отидат негде, а некој да не ги следи или набљудува. Вилијам има нежна страна и сигурна сум дека за својата сопруга веќе подготвил честитка, убав подарок и можеби мирна вечера во домот“, рекла Кети Никол, коментаторка на кралското семејство, за Mirror.
Парот минатаа недела бил фотографиран како се држат за рака во Јужен Велс, каде како студенти прв пат се запознале во 2001 година. Во брак се 10 години и според зборовите на коментаторката Кети Никол, нивната љубов отогаш само расте.
„Не знам дали принцот Вилијам признава, но тој е всушност романтичен. Тој ќе се потруди Кејт да се чувствува посебно за Денот на вљубените“, додала Кети.