Ќерката на Том Круз и Никол Кидман ги продава своите износени предмети на интернет

од Elena Daskalova
430 прегледи

Изабела, ќерката која ја посвоија Том Круз и Никол Кидман додека беа во брак, на интернет платформа ги распродава своите износени предмети, модни додатоци, чанти и накит.

Таа креирала онлајн продавница на веб-страницата „Депоп“ и ги нуди по намалена цена своите дизајнерски очила, џемперите, чизмите и уште неколку предмети. Сепак, иако дала одреден попуст, купувачите сметаат дека предметите се прескапи за користена роба и дека треба да ги намали ако сака да ги продаде.

На пример, дизајнерските очила за сонце со потпис на Стела Мекартни, се продаваат за 250 фунти.

На својот профил, најстарата ќерка на Том Круз продава работи, како белите чизми од „Д-р Мартинс“ или очила за сончање со потпис на Стела Мекартни, а сè за многу поголема цена отколку што би се очекувало за нешто што е од втора рака.

Бела засега немала премногу среќа. Има огласено 13 работи за продажба, од кои се продадени само четири – белите чизми, црн, износен џемпер, црвена кошула и јакна.

Она што никој не може да си го објасни е зошто се одлучила на ваков потег, со оглед на тоа што нејзините популарни родители располагаат со милионски суми и како што е познато, подеднакво посветено и двајцата се грижат за неа.

Слични содржини