Да денешното судење за „Рекет“ се пуштаат снимки што како докази ги доставил бизнисменот Јордан Камчев. Првообвинетот Бојан Јовановски ги оспорува овие снимки со образложение дека тие се приватни разговори, незаконски снимени.
Обвинителката Вилма Рускоска кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки.
„Сакам да ми кажеш што добивам, како добивам и кога добивам. Сакам сите да бидат задоволни. Јас сум директен човек. Кажи оваа ќе биде во февруари, оваа во март и да го исполнам својот дел“. Оваа е дел од разговорот меѓу Јордан Камчев, сведок во „Рекет” и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, презентираан денеска во Кривичен суд.
Истите снимки беа објавени од италијанкиот весник „Ла Верита”.
Денешното рочиште не почна навреме поради задоцнетото спроведување во судот на Катица Јанева од домашен притвор.