Без струја утре од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Тодор Чангов“ и дел од улицата Богомилски поход во Општина Аеродром, од 9 до 11 часот корисниците од улицата Анкарска згради бр. 21, 23, 33 и објектот на Маркет Рептил во Општина Карпош.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Волче Наумчевски“ и улица Пекљане, од 9:30 до 11 часот корисниците од ул.6 во село Љубанци, од 10 до 11 часот корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, подулица бр. 24 и од 12 до 14 часот корисниците од ул. Црногорска од бр. 1 до бр. 31, улицата „Анастас Коцарев“ од бр. 8 до бр. 20 и ул. „Беаз Куле“ од бр. 2 до бр. 24.
Прекинот е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.