Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ со „Луј Витон“ торба на собраниска говорница

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Пратеничката Дафина Стојановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на говорницата во Собранието, каде тече расправата за предлог законот за јавното обвинителство, излезе со чанта Луј Витон.

Стојановска на говорницата посочи дека тоа е лажна чанта со лажни банкноти, а вистинската треба да се пронајде каде завршила.

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 18.00 до 19.00 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19.00 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека Парламентот не биде распуштен.

Слични содржини