Адвокатот на Стојановска: Правдата конечно е задоволена

од Берта Китинска

„Правдата конечно е задоволена“, вели адвокатот на актерката Силвија Стојановска која денеска во Кривичниот суд доби ослободителна пресуда.

Тој во изјава за медиумите посочи дека актерката ќе бара надомест поради нарушен углед.

„Апсолутно има право на надомест поради нарушен углед, за изгубена добивка и што не, но за жал, нашата извршна власт, Министерството за правда, не е спремно да се спогодува по овие прашања.. Апсолутно ќе бараме“, рече Савовски.

Стојановска во првото судење беше осудена на три и пол години затвор, како обвинета за помагање на шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

И првоовинетиот Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на 7 години затвор, поднесе жалба за пресудата, но, апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.

Слични содржини