
Српскиот претседател Александар Вучиќ не сакаше да открие кого го гледа за негов наследник.
„Мора да процените дали некој може да биде лидер, да ја подигне својата харизма, иако не е ни сè тоа. Јас не сум еден од оние што ќе речат: „После мене потоп“. Напротив! Но, јас сум горд на сè што направивме за државата“, рече Вучиќ за „Информер“.
„Кога дојдовте овде во Претседателството, можеше да го видите „Белград на вода“ и што и да рече некој утре, сите ќе знаат кој излезе со тоа, чија идеја е, чие срце и храброст се спротивстави на сите, за да направиме Менхетен од Југоисточна Европа токму тука во Белград“, рече тој.
Тој додаде дека овие резултати остануваат засекогаш.
„Тоа е единствената работа што е важна“,додаде Вучиќ.