Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ рече дека Западен Балкан мора да се соочи со сите предизвици од минатото со цел да се придвижи кон Европската унија.
„Црна Гора е во состојба да ги реши проблемите со другите земји во најдобриот дух на европската практика и законодавството на ЕУ“, рече Ѓукановиќ по неформалната вечера на лидерите на Западен Балкан, на која домаќин претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел, јави Радио телевизија Црна Гора.
Кога станува збор за проширувањето, црногорскиот претседател рече дека по декларативниот, ЕУ мора да покаже суштински интерес.
На неформалната вечера присуствуваа и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел, како и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.