Вучиќ: Една голема и моќна европска земја бараше од Приштина да ни ги воведe таксите

од Nikola Popovski
189 прегледи

Претседателот на Србија рече дека голема и моќна европска земја побарала од Приштина да воведе царини, со цел Србија да излезе од дијалогот.

Според Вучиќ, дијалогот се движел кон компромисно решение.

„Тоа е направено за да се каже дека Србија излегува од дијалог и дека секој план ќе биде расипан, со цел Србија да не добие ништо“, објасни Вучиќ во емисијата „Кирилица“ минатата вечер.

Тој потсети дека идејата за демаркација може да биде резултат на дијалогот во кој Србија ќе добие нешто. „Не го знаев веднаш тоа, сега знам сè. Постои една значајна и моќна сила“, рече Вучиќ.

Тој потсети дека целиот свет се побунил против такси, Американците биле погласни од Европејците, затоа што, како што истакна, тоа го посакуваше една европска земја.

Тој смета дека не е случајно што властите во Црна Гора велат дека треба да имаат своја црква.

Вучиќ објаснува дека нападот бил врз српската црква и Амфилохие, но дека суштината е повторно Србија и Вучиќ, а во целина, со поддршка од НАТО.

Тој исто така рече дека една земја особено инсистира на договор за енергетика со Приштина, само за да добие пари, затоа што само тоа им е важно, а не Сојузот на српските општини.

Тој потсети дека никогаш не одговорил на „ударите“ од регионот, дека никогаш не кажал тежок збор за некој во регионот, но, секоја причина да се обвини Србија е добра, според другите.