Науката има доказ дека младоликите луѓе се поинтелигентни

од Elena Daskalova
336 прегледи

Многу фактори влијаат на тоа колку возрасно изгледаме, дали и колку сме интелигентни и колку сме останале здрави и витални со текот на годините.

Понекогаш, физичкиот изглед не се поклопува со реалната возраст. Некои ја имаат среќата да изгледаат помлади отколку што реално се, додека кај други се случува токму спротивното.

Според неколку истражувања, луѓето со повисок коефициент на интелигенција се чувствуваат помладо, а со тоа не дозволуваат дури ни физичкиот изглед да ги издаде реалните години. Оние кои се чувствуваат старо се поподложни на нерасположеност и поранливи.

Остроумните и интелигентни луѓе не дозволуваат тоа да им се случи. Тие наоѓаат нови начини на обновување на енергијата, на нега, постојана авантура, а излежувањето на каучот во дневната соба воопшто не им е интересно.

Токму поради тоа често воспоставуваат и здрави навики, кои пак, потоа ги носат со себе ефектите на виталност и младоликост. Знаат што му е потребно на нивното тело, не се ограничуваат од задоволства, но и не дозволуваат да бидат робови на неизвесноста и стравот.

Обидете се и вие, веднаш ќе се чувствувате помладо во душата, а тоа ќе се одрази и на изгледот за многу кратко време.

Слични содржини