ОН: Хуманитарната криза во Сирија достигна ужасни размери

од Aleksandar Petrovski
273 прегледи

Хуманитарната криза во северозападна Сирија достигна ужасни размери кога цивилите кои бегаат се напаѓани од сириската армија, изјави денеска комесарката на Обединети нации човекови права Мишел Бачелет и побара повторно воспоставување на хуманитарните коридори.

Таа ги осуди и директните напади брз камповите за раселени лица или нападите во нивна близина, како и врз медицинските и образовните институции.

– Речиси 300 цивили се убиени во нападите оваа година во северозападниот дел на Сирија, а 93 отсто од нив се предизвикани од сирискиот режим и сојузникот Русија, посочи Бачелет.

Таа претходно побара таквите дела да бидат окарактеризирани како воени злосторства.

– Ниту едни засолниште сега не е безбедно. А, додека продолжува офанзивата на Владата луѓето мора да бегаат, се плашам дека голем број луѓе можат да настрадаат, посочи Бачелет.

Слични содржини