507
Неверојатна приказна објави италијанскиот магазин „Gazeta delo Sport“ кој тврди дека Кристијано Роналдо на својата сопруга ѝ плаќа месечен надоместок за да му биде сопруга.
Со објаснување дека на тој начин Роналдо ѝ се „оддолжува“ на животната сопатничка за поминување на времето дома и во чување на децата, со акцент на тоа дека освен нивната ќерка Алана Мартина, таа ги гледа и децата на Роналдо.
Иако Gazeta наведува дека во прашање е сума меѓу 50.000 и 100.000 евра, британскиот таблоид Sun наведува дека дознале дека се работи за сума од 80.000 евра месечно.
За животот во Италија, Георгина заработува на уште неколку начини, па така откриле дека за рекламна фотографија на Инстаграм добива 8.000 евра, а дека за интервју бара дури 100.000 евра.