Холограмот на Витни Хјустон на турнеја: Таа тоа би го сакала

369 прегледи

Осум години по смртта, Витни Хјустон „оди“ на турнеја!

Семејството на покојната пејачка потврди дека, по повеќегодишни припреми, холограмот е подготвен и ќе биде преставен на публиката ширум светот.

Холограмот трга на турнеја низ Европа на 25 февруари, а најверојатно потоа ќе настапи и во Америка.

„Витни тоа би го сакала“, кратко соопштила нејзината снаа и поранешна менаџерка Пет Хјустон.

Шоуто ќе има и жив бенд, пратечки вокали и танчерки и се разбира и холограмот на пејачката која ќе ги изведува нејзините најголеми хитови како “I will always love you”, “All the man that I need”, “I wanna dance with somebody” и други.

Холографските турнеи или настапи на починатите ѕвезди во последните десетина години станаа важен дел од музичкиот бизнис.

Еден од највпечатиливите беше холограмот на Тупак Шакур на сцената на фестивалот Кочела во 2012 година.

Слични содржини