Дизајнерката и поранешна Спајсица, Викторија Бекам е ѕвездата на новиот број на грчкото издание на Вог за кое снимила прилично жежок едиторијал.
На самата насловна позирала во елегантен фустан со кралско сина боја со еден ракав и длабок процек во кој изгледа како грчка божица.
Фустанот го потпишува грчкиот бренд Zeus + Dione, што е за Викторија прилично неочекуван избор, бидејќи неа сме навикнати да ја гледаме во парчиња на својот сопствен бренд, но дека се работи за исклучок од правилото докажала со фотографија од едиторијалот на која носи свои парчиња. Сепак, на таа фотографија, облеката падна во втор план.
45-годишната мајка на четири деца ги покажала фантастичните менекенски нозе во жешки кратки пантолони со боја на цигла кои ги искомбинирала со гламурозна кошула во истата сина нијанса на фустанот од насловната. Ова за неа нетипично голо издание ги воодушеви нејзините фанови кои на социјалната мрежа ја опсипале со комплименти.