207
Насилното однесување во спортот дефинитивно ги мина сите граници во Мексико. Според пишувања на тамошните медиуми, Џонатан Г., фудбалер на локална нисколигашка екипа, го удрил и оттурнал судијата Ернан Ернандез кој при падот удрил со главата на земја и 15-тина останал да лежи без свест. Итно бил префрлен во болница каде, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.
Мексиканскиот весник „Ел Насионал“ пишува дека полицијата набрзо пристигнала на лице место при што сите, како виновник, го посочиле 23. годишниот Џонатан Г. кој веднаш заврши во притвор.
Весникот наведува дека фудбалерот, покрај обвинението за кривично дело, на товар му се става и дополнителна отежнувачка околност дека не сторил ништо за да му помогне на Ернандез.