Италијански авион вечерва ќе тргне по државјаните на ЕУ, кои веќе две недели се во карантин на крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен во јапонскиот град Јокохама.
![]()
Европската комисија соопшти дека враќањето на граѓаните на ЕУ од крузерот е обезбедено преку Механизмот за цивилна заштита.
Специјален медицински тим на ЕУ веќе отпатувал во Јокохама за да изврши прегледи на патниците, а во авионот ќе им биде дозволено да се качат само на на оние што се негативни на Ковид-19 и кои немаат никакви симптоми на болеста.
По враќањето во Европа, патниците од крузерот ќе бидат ставени во нов карантин кој ќе го организираат земјите-членки од кои доаѓаат граѓаните, соопшти Комисијата.
САД веќе ги евакуираа своите државјани од „Дајмонд Принцес“
ЕУ веќе врати повеќе од свои граѓани од Кина во Германија и Франција.