Георгиева: Коронавирусот е сериозна неизвесност, треба да се намалат другите ризици

од Aleksandar Petrovski
288 прегледи

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева смета дека епидемијата на коронавирусот во Кина претставува најголема неизвесност со која се соочува глобалната економија и дека министрите за финансии на Г-20 и централните банкари треба да преземат мерки за намалување на другите ризици, како што се трговијата, климатските промени и нееднаквоста.

„ММФ проценува дека кинеската економија во краток рок ќе закрепне доколку нарушувањата предизвикани поради коронавирусот завршат брзо, а ширењето на епидемијата резултира со поостри и подолготрајни забавувања на растот на Кина, со поголеми глобални последици“, напиша Георгиева во денешниот блог на веб страницата на Фондот.

Таа потсети дека ММФ во јануари прогнозираше јакнење на глобалниот раст во 2020 година на 3,3 проценти од минатогодишните „разочарувачки“ 2,9 проценти, бидејќи имало знаци на стабилизација и намалување на ризикот, вклучително и достигнување во првата фаза од трговскиот договор меѓу Кина и САД.

– Меѓутоа, во јануари не предвидовме глобална здравствена опасност, што е факт кој потсетува како непредвидените настани можат да го загрозат кревкото закрепнување на растот, рече Георгиева.

Слични содржини