302
Лоши вести за навивачите на Манчестер јунајтед, но и на англиската фудбалска репрезентација. Повредата на Маркус Рашфорд е толку сериозна што многу веројатно ќе значи пропуштање на останатите дел од сезоната во Премиер лигата, а неизвесен е неговиот настап и на Европското првенство.
– Се надевав дека ќе можеме да сметаме на него до крајот на сезона, но контролата покажа дека повредата е потешка одошто мислевме. Потребно е долг период на рехабилитација. Не сум доктор за да предвидам, но, како што стојат работите, пред него се неколку месеци пауза. Ако не биде доволно подготвен, нема да оди ниту на Европското првенство, потврди Солскер кој не може да смета ниту на Пол Погба.
Јунајтед утревечер му гостува на Бриж во првиот шеснаесетфинален натпревар во Лига Европа.