Две жени загинаа кога нивниот автомобил паднал од траект во Мајами

од Aleksandar Petrovski
245 прегледи

Две жени загинаа откако нивното возило паднало од траект што ги превезувал до островот Фишер, каде што се наоѓа ексклузивно одморалиште во близина на Мајами, јавија американските медиуми.

Локалната служба за спасување и американската крајбрежна стража добиле дојава од операторот на траектот кој ги известил дека возило паднало од бродот.

Нуркачите го пронашле возилото по неколку часа во близина на островот. Во автомобилот имало тела на две жени.

Полицијата и крајбрежната стража го испитуваат инцидентот.

Слични содржини