Американските власти се загрижени: Дали Курти лаже за укинувањето на таксите?

од Nikola Popovski
204 прегледи

Американските власти сметаат дека премиерот Албин Курти, лаже кога рече дека ќе ги укине таксите, пишува денес приштинскиот весник „Експрес“.

Пред да го преземе функцијата премиер, Курти рече дека ќе ги замени даноците за српските производи, со мерки за реципроцитет.

Вчера на средба со одделни производители тој најави дека таксите ќе бидат укинати многу брзо, со реципрочни мерки.

Подоцна, тој рече дека владата ќе формира работна група за идентификување на трговските бариери со Белград и, врз основа на нивните препораки, таа ќе определи реципрочни мерки.

Во овој контекст, весникот „Експрес“ ја цитира порака од вицепремиерот од партијата ДСК, Авдалах Хоти, дека партнерството на Приштина со САД е од витално значење и дека нема алтернатива.

„Нашето партнерство со САД е од витално значење и нема алтернатива. Нема среден пат“, напиша Хоти на својот Фејсбук профил, што порталот го сфати како предупредување за Курти.