Сончево со мала до умерена облачност

од Берта Китинска
139 прегледи

Времето во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.


Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Слични содржини