Борисов обвинет за перење пари и купување куќи во Каталонија: Немам ништо во Барселона, последен пат бев таму пред 15 години

од Nikola Popovski
105 прегледи

„Немам куќа, нема недвижен имот, ниту сум бил скоро во Барселона. Последен пат бев таму како градоначалник пред 15 години. Јас немам никаква врска со овие компании и некои луѓе што не сум ги видел  20 години. Ниту една канцеларија, надлежност, обвинителство, полиција не ме прашаа дали е тоа точно. Не велам дека претседателот стои позади ова“,  изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, коментирајќи ги претходно обвинувањата од Шпанија за неговата вмешаност во шемата за перење пари и купување куќи во Каталонија.

„Зошто треба да одговарам за нешто за што не се пронајдени докази“, им рече премиерот на новинарите во Брисел, демантирајќи го написот во шпанскиот весник „Ел Периодико“ дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.

На прашањето дали ќе разговара во врска со овие обвинувања со неговиот шпански колега Педро Санчез на маргините на Европскиот совет, премиерот Борисов рече дека не треба да се разговара за некоја тема што е јасно направена за да се извалка неговото име.

Во меѓувреме, претседателот на Комисијата за животна средина и членот на Комисијата за етика на ГЕРБ, Ивелина Василева изјави дека информацијата за спроведена истрага против Борисов од страна на шпанската полиција е „лажна“.

– Немам таква информација и затоа сметам дека не треба да коментирам нешто за кое верувам дека е лажно, истакна Василева во Народното собрание на Бугарија.