153
Шефот на дипломатијата, Никола Димитров излезе со демант на текстот со наслов „Посебниот случај на Никола Димитров“ на Експрес.мк, близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во кој, според него, преку грубо кршење на новинарските стандарди, без да биде побаран за став, објавил ноторна лага за информација што е многу лесно проверлива, а се однесува на барањето до Обвинителство да се испита информацијата за неговата наводна оставка пред речиси година и половина.