Црно-белиот „Паразит“ започна со прикажување низ светот

од Elena Daskalova
430 прегледи

Оскаровецот „Паразит“ во Индонезија беше прикажан во црно-бела варијанта, во повеќе кино-сали во Џакарта.

Режисерот Бонг Јон-хо изјавил дека се одлучил на ваков чекор бидејќи црно-белата верзија на гледачот му обезбедува сосема нова длабочина на приказната и неверојатно чудно искуство.

„Кога нема бои, можете да се фокусирате на лицата на актерите и во нивните очи да препознавате детали“, изјавил Бонг на прес-конференција во Сеул.

Тој очекува повеќе светски кина да го откупат и црно-белиот филм и да го прикажуваат во кино-салите. „Паразит“ испиша филмска историја на неодамнешните Оскари, освојувајќи Оскар за Најдобар филм, Најдобар режисер, Најдобар странски филм и Најдобро оригинално сценарио. Номиниран беше и за Најдобра монтажа и Најдобра продукција.

По Оскарите, дистрибутерите на филмот потврдиле дека интересот кај публиката се зголемил најмалку двапати. Исто така, порачките преку Ајтјунс и Амазон двојно се зголемиле во првата недела откако филмот се закити со значајната статуетка.

Слични содржини