287
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска и утре престојува во работна посета на Црна Гора.
За време на престојот во Подгорица, планирана е средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ и директоротот на Управата за дијаспора, Предраг Митровиќ.
Во фокусот на разговорите ќе биде зајакнувањето на билатералната соработка за прашања поврзани со дијаспората, како и размена на мислења за искуствата на двете држави со УНЕСКО.
Предвидено е министерот Адеми да се сретне и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора.