161
Најмалку седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во судирите во Њу Делхи за време на протестот поради новиот Закон за државјанство.
Судирите избија помеѓу поддржувачите и противниците на новиот Закон, а полицијата употреби солзавец и шок бомби да ја растера толпата, која возврати со камења.
Законот за државјанство е спорен бидејќи многумина сметаат дека е дискриминаторски кон муслиманите и дека администрацијата на индискиот премиер Нарендра Моди ја поткопува индиската секуларна традиција.