407
Актерката Селма Хајек со својата убавина и во шестата деценија од животот не престанува да го воодушеува светот.
Но, приватно, таа не се грижи за тоа да биде постојано средена, туку ужива во моментите. Доказ за тоа се новите фотографии на кои таа е облечена во најобични тренерки и пуши цигара на тераса.
Косата ѝ е долга и лежерна, а на лицето нема ни грам шминка. Но, сепак, обожавателите на актерката се загрижија поради нејзиното вакво издание и веднаш почнаа да шпекулираат дека нешто се случува и дека таа изгледа изморено и загрижено.